Портал, према зборникот на странски зборови, значи “главна врата или влез во некоја градба со импозантна големина, како што е дворец, замок или слично”.

Аналогно на тоа толкување на поимот портал, терминот WEB Портал, или Internet Портал асоцира на влезно место во една Internet или WEB градба. Оваа градба е множество на содржини, услуги и сервиси.

Порталот „Големиот Мал Човек“ е наменет за децата од предучилишна возраст и за децата од основното образование.

Порталот „Големиот Мал Човек“ главно е наменет за децата со посебни потреби, за нивните родители и најблиски, за професионалците кои работат со децата со посебни потреби, односно за сите останати заинтересирани корисници.

Во порталот корисниците ќе можат:

  • Да се запознаат со најновите информации и достигнувања во соодветната област;
  • Да поставуваат прашања на кои ќе им одговараат најеминентни специјалисти;
  • Да симнуваат слободен софтвер, прилепуваат свој или да откупуваат лиценциран софтвер за прифатливи цени;
  • Да даваат свои предлози, мислења, сугестии.
  • Пристапот до порталот е слободен за сите добронамерни корисници;
  • Порталот или неговите корисници можат да организираат добротворни акции и сл.

Порталот, со користење на слободниот образовен софтвер, ги збогатува можностите на лабораториите во центрите за деца со посебни потреби.

Му овозможува на секој корисник слободниот образовниот софтвер да го користи бесплатно, да го симне на својот компјутер за да го користи или да го дистрибуира на други потенцијални корисници.

Со тоа цениме дека ќе им се овозможи користење на апликацијата и на оние корисници кои не можат да ги користат училници во соодветните центри. Потребно е корисникот да има на располагање компјутер поврзан на интернет.