ПОВИК ЗА НАТПРЕВАР
- Натпревар за најдобар компјутерски изработен детски цртеж.
Детскиот портал „Малиот голем човек“ ги повикува сите деца/ученици од предучилишна возраст до IX одделение на натпревар за изработка на компјутерски креиран цртеж. Темата и компјутерската алатка за изработка на цртежот се слободни по избор на креаторите. Првите три најдобри цртежи добиваат сертификат, а 100 цртежи по избор на жирито ќе бидат изложени на специјална виртуелна изложба.
За подетални информации обратете се на електронската адреса gmcovec@gmail.com.
- Натпревар за најдобар компјутерски изработен детски спот
Детскиот портал „Малиот голем човек“ ги повикува сите деца/ученици од предучилишна возраст до IX одделение на натпревар за изработка на спот. Темата и компјутерската алатка за изработка на спотот се слободни по избор на креаторите. Првите три најдобри спотови добиваат сертификат, а 100 спотови по избор на жирито ќе бидат изложени на специјална виртуелна изложба.
За подетални информации обратете се на електронската адреса gmcovec@gmail.com.
Изработените цртежи испраќајте ги на електронската адреса gmcovec@gmail.com.