• Користење на Paint 3D
  • Следете ги чекорите подолу за да дознаете како да ги отворите сликите со Paint 3D!

    1. Со лев клик на маусот, кликнете на копчето за СТАРТ кое се наоѓа во долниот лев агол од работната површина на екранот
    Слика 1

    2. Со помош на тастатурата, пишете “paint 3d”:
    Слика 2

    3. Со лев клик на маусот кликнете на иконата каде што пишува Paint 3D:
    Слика 3

    4. Доколку ви се прикаже прозорец за Добредојдовте (Welcome), со лев клик на маусот кликнете на “open”:
    Слика 4.1
    а доколку не ви се прикаже таков прозорец, со лев клик на маусот кликнете на иконата во горниот лев агол:
    Слика 4.2

    5. Следно, повторно со левиот клик кликнете на “open” а потоа на “browse files”:
    Слика 5

    6. Пронајдете каде ја снимивте сликата, селектирајте ја, и со лев клик на маусот кликнете на “open”:
    Слика 6

    7. Успеавте да ја отворите сликата користејќи ја програмата Paint 3D! Сега само следете ги инструкциите од сликите и спремни сте за учење преку забава!

    8. БОНУС: Доколку сакате во иднина побргу да ја најдете оваа програма, кликнете со десен клик на маусот врз иконата и со лев клик на маусот кликнете на “Pin to taskbar”. Сега секогаш ќе можете да ја пронајдете оваа програма во долниот лев агол блиску до старт менито!
    Слика 7